За портокалот знаеме дека: во зима тој е одличен зајакнувач на имунитетот, а неговата кора поставена на греалка е освежувач кој релаксира. Во лето сокот од портокал е неверојатно добар освежувач. Изобилува со многу хранливи материи, секојдневно потребни за човекот, како што се: витамин Ц, антиоксиданти, витамни А и Б, калциум, магнезиум, фосфор и диететски влакна.
А дали сте го знаеле следново?
- Кафеавите точки на кората на портокалот се индикатор за неговиот квалитет. Колку повеќе ги има, толку портокалот е посладок.
- Името на портокалот доаѓа од Санскритскиот збор naranga, што во превод значи мирис.
- Сте го забележале папокот на портокалот? Колку е тој поголем, толку е посочен и посладок портокалот. При купување водете се според него.
- Во земји каде температурите се многу високи, ако портoкалот остане на дрвото може да ја врати повторно зелената боја. За среќа, вкусот не се менува.
- Ако засадите дрво, очекувајте го првиот плод после 3-5 години. Но радувајте се дека во наредните 20 години ќе имате богатство од портокали.
- Еден портокал ја содржи потребната дневна количина од витамин Ц за човечкиот организам.
Кората на портокалот е богата со есенцијални масла, кои се користат за готвење, ароматерапија и како состојка во производи за чистење.
- После чоколадо и ванила, вкусот на портокалот е најомилениот вкус во светот.
- Денес најголем производител на портокали е Бразил, со вкупно 17, 8 милиони тони портокал во текот на една година.
Колку ли само сок има во тие 17.8 милиони тони? Додека размислувате на темата, напијте се ладен Pago сок од портокал. Ќе ве освежи, разведри, размрда – едноставно ќе ви го направи денот поубав.