(Македонски) Интересни факти за кајсијата

Како мали сите сме качувале по нејзиното дрво, и сме ги береле плодовите. Или пак, сме чекале погоден момент за да се засладиме со некоја кајсија од дворот на соседите без никој да не види. Тоа се вистински авантури за сите деца, но сигурно никогаш не сте помислиле колку е всушност значајно за нашето здравје овошјето за кое сме ги поминувале тие авантури.

Еве неколку забавни кои ќе ви раскажат поинаква страна на кајсијата:

  • За праската се знаело уште во античките времиња во Ерменија и таму се одлгедувала толку долго, што се верува дека и потеклото ѝ од таму. Научното име на кајсијата е Prunus armeniaca, што во превод значи ерменска слива.
  • Експертите по грчка митологија веруваат дека кајсијата била златното јаболко на Хесперидите, овошјето кое Херкул требал да го набере како дел од неговите дела за покајување.
  • Во Англија се верува дека ако некој сонува кајсија, ќе има голема среќа потоа.
  • Кајсијата има многу голема количина на диететски влакна, а многу мала на калории.
  • Една унца кајсии содржи количина на бета каротин која може да задоволи дури 20% од потребната дневна доза на витамин А.
  • Во Грција, па оттука и на Балканот, кајсијата била донесена од Александар Макдеонски.
  • Сушените кајсии се одличен извор на калиум, железо, витамин Ц и калциум.
  • Англиското име на кајсијата – apricot, на латински значи “драгоцен”.
  • Во Европа многу долго постоело верување дека кајсијата е афродизијак. Токму тоа нејзино дејство е спомнато од Шекспир во “Сон на летната ноќ”, додека пак Џон Вебстер во “Војвотката од Малфи” го има прикажано нејзиното моќно дејство да поттикне породување.

Уште малку и ќе се отвори сезоната на праски. До тогаш, потсетете се на детските денови со природниот вкус на Pago сокот од кајсија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*