(Македонски) Svarog со бронзен медал на ISC 2013

Svarog, премиум водката на Badel 1862 со уште едно признание за својот квалитет на престижен светски натпревар!

Минатата година, само по неколку месеци од лансирањето на првата хрватска премиум водка, Svarog го потврди својот врвен квалитет на IWSC (International Wine and Spirits competition) oдржан во Лондон.

Оваа 2013 година, Svarog продолжува на патот на успехот.

На еден од најмеродавните и најугледни светски натпревари во квалитет, International Spirits Challenge (ISC), во силна глобална конкуренција од седумдесетина земји од светот и ригорозно жири, Svarog Vodka го освои бронзениот медал.

International Spirits Challenge се одржува веќе 18 години во Велика Британија. Тоа е едно од најценетите оценувања поддржано од страна на мнозинството светски производители на алкохолни пијалоци и неофицијално стана меѓународен стандард за квалитет и одличност. На оценувањето влијаат дегустацијата, дизајнот, пакувањето, маркетингот, и трговските награди. Оваа година се пријавуа повеќе од 1000 примероци од 70 земји од светот, со што овој натпревар го потврдува своето глобално значење. Специјализираното жири на слепо ги оценува пристигнатите примероци, на кои се додаваат и останатите елементи на оценувањето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*