(Македонски) Сокови кои ја помагаат бременоста

Најзначајниот период во животот на една жена е проследен со многу физички и емоционални промени, кои најчесто се манифестираат преку променливото расположение. Сосема нормално и природно, кога се создава нов живот. 🙂

За среќа, лекарите потврдуваат дека одредени сокови влијаат врз здравјето на бремената жена и успешно го подобруваат нејзиното расположение.

Драги дами, еве што да пиете кога сте во блажена состојба:

Сок од портокал

Се препорачува да се пие секој ден, за да се избегнат настинките и вирозите. Овој сок е број еден помагач на имунолошкиот ситем. Богат е со витамин Ц и калиум, и е совршена замена за аскорбинска киселина, која инаку се внесува како медикамент кој не е препоралчив за време на бременост.

Сок од јаболко

Одлично решение за регулирање на телесната тежина за време и по бременоста. Според медицинските истражувања, сокот од јаболко влијае врз правилно развивање и користење на мозокот кај бебето уште дури е во стомакот на мајката, додека пак за мајката, овој сок е одличен извор на железо.

Сок од праска

Еден од најпрепорачуваните сокови за бремени жени, бидејќи изобилува со железо и калиум и спречува појава на анемија за време на бременост. Бидејќи праската делува и како лаксатив, помага во побрзо и полесно исфрлање на токсините од организмот. Освен тоа, спречува и проблеми со крвта и лошо варење на хранта за време на бременоста.

Сок од јагода

Често за  време на бременост жените го губат природниот сјај на кожата. Затоа е тука сокот од јагода кој со своите приородни состојки помага кожата да ја одржи својата хидратација и природниот сјај. Сокот од јагода ги содржи и растворливите влакна од јагодата, кои се од исклучително значење за развој на здраво срце. Сокот од јагода најмногу се препорачува поради тоа што ги содржи хранливите материи потребни за здрав развој на коските и забите на бебето.

Па, кој Pago сок ќе се напиете прво? 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*