(Македонски) Заврши Vigor Barmen Training, обучени 68 коктел – мајстори!

Минатонеделниот Vigor Barmen Training  кој се одржа во три градови во Македонија придонесе земјава да се збогати со дури 68 нови сертифицирани коктел мајстори! Атмосферата во сите три кафулиња беше одлична, а по завршувањето на обуката сите присутни може да се уверат дека новите коктел – вештини на бармените не се само на хартија! 🙂

Им благодариме на Ведран Петровиќ и Ватрослав Јакелиќ кои го пренесоа не само своето коктел-знаење, туку и ја разведрија публиката! 🙂 Карванот на Vigor Barmen Training продолжува во Босна и Херцеговина, а потоа следуваат и сите други екс-ЈУ земји.

Фотографиите од настаните може да ги најдете на официјалната Фејсбук страница на Vigor Vodka:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*