(Македонски) Младост и здравје во чаша сок од јаболко

Многубројните хранливи состојки како рибофлавин, тиамин, каротин, витамин Б6, биотин, липонска киселина и витамин Ц го прават јаболкото вистински дар од природата: здрав и неодоливо вкусен.

Сокот од јаболко се смета за еден од најдобрите пријатели на човековото здравје. Не попусто се вели дека јаболкото не’ чува подалеку од доктор. Причините за тоа се многубројни, а ние ги издвојуваме најзначајните:

  • Силно и здраво срце  – сокот од јаболко директно го намалува нивото на холестерол во крвните садови и со тоа ја заштитува и подобрува работата на срцето.
  • Чист организам – сокот од јаболко им помага на црниот дроб и на бубрезите да се прочистат од токсини, и со тоа спречува многубројни заболувања на организмот и го помага неговот прочистување.
  • Бистар поглед и здрави очи – сокот од јаболко содржи голема количина на витамин А, најпотребен за чист и остар вид и здрави очи.
  • Обилен извор на енергија – со своите витамини А, Б, Ц, Е, К, Б1, Б2, Б6 сокот од јаболко е најдобар начин да се освежите и исполните со енергија, во било кое време во денот.
  • Тенка и витка линија на телото – сокот  од јаболко не содржи многу калории, а го намалува нивото на холестерол. Поради тоа, помага за намалување на телесната тежина и најдобар пријател на атлетите.
  • Ве одржува млади и свежи – благодарение на големата количина антиоксиданси, сокот од јаболко го забавува процесот на стареење и ви дава свеж изглед.
  • Подобра меморија – последните истражувања потврдуваат дека сокот од јаболко го поттикнува процесот на мислење и размислување, и ја подобрува меморијата.

Доволно причини да се напиете еден Pago сок од јаболко. Бидете свежи, витки и здрави секој ден.

На здравје!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*