(Македонски) Славниот италијански битер Amaro 18 Isolabella

Како што знаете, неодамна во асортиманот на Бадел 1862 АД Скопје го воведовме италијанскиот битер Amaro 18 Isolabella. Како и сите брендови од нашиот асортиман се работи за бренд со огромна традиција и педигре.

Билниот ликер Amaro 18 Isolabella се карактеризира со совршена арома и пријатен слатко – горчлив вкус. Се произведува во историската фабрика на Егидио Исолабела, основана во 1871, кој исто така е познат по тоа што го создал познатото Mandarinetto, цитрусен ликер кој стекнал слава на крајот од 19 век.

Оваа фабрика, како и повеќето други италијански дистилерии за алкохол, започнала со производство на вермут, но искуството на Исолабела во ботаниката го натерала да експериментира и да направи поинакви ликери. Така се родил Amaro 18 Isolabella.

Инспирација за името на Amaro 18 Isolabella дошла природно: пијалокот се прави од 18 внимателно избрани билки, а 18 бил и бројот на лиценцата за производство што го добила фабриката Isolabellа. Златното доба на пијалокот настанал со појавата на телевизијата, каде овој пијалок се наметнал како најпрепознатлив италијански битер, односно амаро.

Amaro 18 Isolabella се користи во рецептот за коктелот Baby Darling, добитник на награда за најдобар коктел во 1966 година, а освен 2 cl Amaro 18 во рецептот има и 2 cl црвен вермут, 2 cl рум и неколку капки Галијано.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*