Денес е одличен ден да уживате во малку поинаква комбинација на храна – боровинки и тестенини кои сами ќе ги направите. Ви предлагаме рецепт кој е едноставен за подготовка и со неодолив вкус.
Состојки:
- 1кг бело брашно
- 5 јајца
- Свежи боровинки и црна рибизла
- Свежи печурки
- Малку кромид
- Пармезан
- Зачини по ваш вкус
- 1 Pago сок од боровница
Подготовка:
Прво подгответе ја смесата за паста. Во длабок сад ставете ги брашното, јајцата, додадете сол низ прсти, малку маслиново масло, ставете половина од свежите боровинки и сокот Pago од боровница. Измешајте убаво за смесата да стане хомогена. Потоа, израмнете ја и оставете ја минимум еден час да отстои. Откако ќе отстои, исечете ја на мали парчиња – талјатели и сварете ги во солена вода.
Потоа подгответе го сосот од печурки. Исечкајте ситно малку кромид, измешајте го со печурките и додадете зачини по ваш вкус.
Откако пастата е сварена, ставете ја во чинија и додадете го врз неа сосот од печурки. Потоа, додадете го остатокот од свежите боровинки. Гарнирајте со пармезан. Послужете со чаша Pago сок од боровница.
Пријатно јадење!