(Македонски) Disaronno – ликер со корени од италијанската Ренесанса

Доколку досега не сте пробале Disaronno, не знаете што пропуштате! Disaronno е светски познат бренд на овошно амарето, со карактеристичен горко-сладок вкус на бадеми, со традиција од речиси пет века, што дефинитивно треба да се најде на вашата ‘to-drink’ листа.

Топлиот, софистициран вкус на Disaronno потекнува уште од еден од најромантичните и креативни периоди во италијанската историја – Ренесансата. Во 1525 година, уметникот Бернардино Луини, генијален ученик на Леонардо да Винчи, бил повикан да нацрта икона според чудата од Сароно (Madonna dei Miracoli in Saronno, каде сеуште се наоѓа иконата).

За да ја нацрта иконата, избрал муза – прекрасна локална гостилничарка.

Како знак за нејзината благодарност таа му подготвила на уметникот посебен подарок – шише полн со ќилибарен пијалок, миризлив и деликатен. Така настанала легендата за Disaronno: од едноставен гест на љубезност и единствена рачно направена комбинација на тајни состојки.

Во 1600 година, многу фамилии започнале да прават сопствени ликери и дижестиви. Фамилијата Реина била една од тие фамилии, а Џовани Реина повторно го открил рецептот на гостилничарката. Со векови семејството Реина правело ликер по овој рецепт, а дури на почетокот на 20 –век, Доменико Реина отворил продавница и работилница за Disaronno близу до станицата за парниот воз кој одел за Милано, во срцето на гратчето Сароно. Таму и пошироката јавност можела да го проба Disaronno Originale.

Во 1960-тите години, ликерот доживува светски бум, а во седумдесетите години, ликерот го добива сегашното шише, дизајнирано од уметници од светски познатиот центар за стаклени ракотворби, Мурано.

Од скромните почетоци како обичен подарок, денес Disaronno ужива во својата улога на статусен симбол и најпознат италијански ликер во светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*