Сокот од домати дава повеќе енергија после вежбање од било кој енергетски пијалок.
Најновите истражувања велат дека сокот од домати делува многу подобро во подмладување и освежување на телото после напорен час вежбање. Според експертите доматите содржат витални елементи кои на мускулите им помагаат да закрепнат и да се вратат брзо во нормала по истегнувањето и стегањето, јавува Daily Mail.
Истражувањето било спроведено на 15 спортисти од страна на повеќе здравствени институции во Грција. Во период од два месеца виталните знаци на спортистите биле следени пред, за време и по вежбањето.
Девет од спортистите пиеле сок од домати по вежбање, а шестмина пак го пиеле вообичаениот енегргетски пијалок. Кај спортистите кои пиеле сок од домати бил забележан побрз процес на обновување на мускулите и нивото на глукоза се враќало многу побрзо во нормала после напорните вежби.
По вежбањето нивото на штетни ензими и протеини кои може да наштетат на мускулите, па дури и на мозокот, се враќало многу побрзо во нормала кај оние спортисти кои пиеле сок од домати по физичката активност.
Експерите од истражувањето велат дека ефектот од сокот од домати може да им помогне на спортистите со високо ниво на штетни протеини, за помалку од два месеца да го сведат тоа ниво во граници на нормалата.
Анти оксидантите кои се присутни во доматите се познати по својата моќ да победат канцерогени заболувања и срцеви болести, па затоа и луѓето кои конзумираат повеќе домати во исхраната или се придржуваат до Медитеранската Диета, живеат подолго.
Спортувајте внимателно и здраво. Тука е Паго сокот од домати да им помогне на вашите мускули. Но, не мора да чекате на тренингот. На вашите мускули, а и вам, повеќе од добро ќе ви дојде чаша Паго сок од домати после напорен ден или долга прошетка.