(Македонски) Mоќните ефекти на ѓумбирот

Природните сокови се од непроценливо значење за организмот, особено во зимскиот период кога имунитетот треба да биде најсилен. Еден од најстарите познати природни лекови и зајакнувачи на организмот е ѓумбирот.

Сокот од ѓумбир  е познат по своите благотворни дејства со чија помош организмот успева да се спротистави и најтешките проблеми.

  • Сокот од ѓумбир е одличен за смирување на воспаленото грло и растечениот нос.
  • Со помош на сокот од ѓумбир, и најтешките кашлици поминуваат за кратко време, бидејќи ѓумбирот успева брзо да ја растопи секоја слузава течност.
  • Поради загревачкото дејство на ѓумбирот, сокот од ѓумбир е еден од најдобрите лекови против настинка и температура.
  • Со освежителното дејство, сокот  од  ѓумбир ги смирува и најсилните главоболки, и помага за смирување на мигрена.
  • Влијае на целиот организам и го зајакнува, и со тоа сокот од ѓумбир помага и во совладувањето на утрински мачнини при бременост, мачнини при патување и слично.
  • Со помош на сокот од ѓумбир, стомакот е многу посмирен и на многу полесен начин се вари храната во него.
  • За спортисти сокот од ѓумбир е идеален напиток бидејќи помага во одржувањето на цврста мускулатура и влијае против болка во мускулите.
  • Секојдневното конзумирање на сок од ѓумбир  му ја обезбедува на организмот доволната количина на витамини со кои тој се храни и се зајакнува имунитетот до мера  да може да се спротистави и на канцерогени заболувања.
  • Ѓумбирот во комбинација со лимон е најдобрата придодна витаминска и енергетска инјекција за сите возрасти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*