Признаваме, снегот и зимата знаат да бидат многу забавни. Сепак, во овој период повеќе од потребно е да направиме максимум напори за да го подобриме имунитетот, бидејќи настинката, грипот и останатите болести демнат на секој чекор. Да разгледаме како овошните сокови може да ви помогнат да го зајакнете имунитетот.
1. Портокал
Сокот од портокал е одличен за имунитетниот систем бидејќи е богат извор на витамин C. Витаминот C го подобрува создавањето на бели крвни клетки, кои се витални компоненти на имунитетот. Понатаму, тие го зголемуваат нивото на антитела и интерферон, кои го штитат организмот од инфекции.
2. Ѓумбир и лимон
Сокот од ѓумбир и лимон е идеален за вашиот имунитет. Ѓумбирот го стимулира дигестивниот систем и подолго време е користен како природен лек против настинка и грип. Лимоновиот сок, пак, е богат со витамин C кој го штити организмот од инфекција и настинка.
3. Кајсија
Изберете сок од кајсија за зајакнување на имунитетот. Кајсиите се познати по своите антиоксидантни својства и содржат големи количества витамини, минерали и влакна. Освен зајакнувањето на имунитетниот систем, хранливите материи на кајсијата помагаат во целокупното здравје на срцето и очите.
4. Брусница
Сокот од брусница го подобрува имунитетот на повеќе начини. Освон позитивното влијание на имунитетниот систем, брусницата му помага на уринарниот тракт и го намалува ризикот од срцеви болести. Сокот од брусница има прекрасен вкус и има високо количество на витамин C и флавоноиди, кои претставуваат моќни антиоксиданти.