Соковите Pago може да се најдат во македонските ресторани и кафулиња веќе подолго време, а од скоро PET шишињата ги красат и полиците на нашите супермаркети. И покрај тоа што кај нас овој период се појавија и исчезнаа огромен број на брендови на сокови со разен квалитет, се чини дека Pago ја зацементира својата позиција на лидер во категоријата премиум сокови.
Pago e еден од најголемите европски производители на премиум овошни сокови. Оваа австриска компанија произведува овошни сокови со врвен квалитет повеќе од 100 години.
Компанијата била основана во далечната 1888 од браќата Франк и Јакоб Пагиц, кои ја имале тогаш револуционерната идеја да произведат „течно овошје во шише“. Во 1949, родено е денешното име кое потекнува од првите три букви од фамилијарното презиме „Pagitz“ и првата буква од германскиот збор за овошје „Obst“. Од самите почетоци на компанијата, основачите сакале да направат вистински посебен производ. Зеленото шише и црвеното лого се задржале низ историјата и денес се препознатливи знаци за Pago. Битно е да се напомене и дека зеленото шише не е само препознатлив знак, туку и најдобар начин да се заштити сокот од губење на витамините и расипување.
Со голем асортиман од над 35 извонредни вкусови, Pago денес може да се најде насекаде во светот. Оваа специјализирана ‘овошна’ компанија со седиште во Клагенфурт, јужна Австрија е присутна во повеќе од 40 земји ширум светот и е пазарен лидер во сегментот на премиум сокови во Австрија, Италија, Хрватска и клучни региони во Франција и Шпанија.
Освен децениското искуство во производството на премиум овошни сокови, вистинската тајна на успехот на Pago лежи во употребата на 100% природни состојки. Посебниот вкус на соковите кој во многу се разликува од типичните сокови во супермаркетите, само го потврдува фактот дека Pago нарачува само природни, свежи и целосно созреани овошја од внимателно одбрани снабдувачи. При производството на Pago соковите не се користат генетски модификувани овошја, ниту пак, презервативи, вештачки бои или ароми.
Затоа следниот пат кога пиете Pago сокови, бидете уверени дека го добивате најдоброто од природата! 🙂