Во текот на 80-тите години на 19 век, хрватските вински насади се речиси целосно уништени од паразитот Филоксера. Во такви неповолни услови, претприемачот Бергер Фолк (Berger Volk) се решава на храбар потег и го основа акционерското друштво Patria, охрабрен од виновите насади и малата дистилерија која ја поседувал во близина на Самобор.
Новата фабрика се наоѓала на Максимирската улица. Уште од своето основање, Patria во целокупното свое производство употребувала најнова француска технологија и апарати од францускиот регион Коњак, а и стручните дестилатори исто така биле Французи. На тој начин, уште во 19 век, во Хрватска биле произведувани коњаци со еднаков квалитет како и францускиот.
Фабриката Patria добро напредувала, и по завршетокот на Првата светска војна, освен коњак, фабриката започнала да произведува и сливова ракија, комовица, боровица, гроздова ракија, како и разни ликери и рум.
Главните акционери на Patriа биле Ружа Розенбаум и Емил Клепетар, кој поради своето еврејско потекло, се нашле во немилост на усташката власт за време на Втората светска војна и избегале од земјата. За време на војната, со Patria управувале други сопственици, а потоа фабриката станала сопственост на новата народна власт.
продолжува…