Badel 1862 receives Superbrands recognition

На 16-ти мај во преполната сала на хотелот Александар Палас на свечена церемонија го добивме признанието за македонски Супербренд за 2011/2012 година.

Супербрендс (Superbrands) е меѓународна организација која ги препознава и промовира успешните и угледни брендови во една земја, кои заслужено го добиваат признанието преку вкрстено мерење на повеќе критериуми.

Во брендот на Бадел 1862 се вткаени 150 години традиција, волја, љубов кон она што се создава и кон оние за кои е наменето. Вредноста на брендот ги надминува сите елементи набљудувани поединечно и претставува јачина сама по себе, која само доколку во неа се вложува со истата посветеност и се одржува на здрави и опстојувачки принципи, ќе го генерира својот понатамошен развој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*