WBC Vigor

Женскиот кошаркарски клуб ВИГОР СКОПЈЕ е спортски колектив кој повеќе од 30 години со успех опстојува на женската кошаркарска сцена. Основан е далечната 1976. година под името ЖКК ВЛАЕ , а од крајот на 1981 година делува во рамките на Младинското спортско душтво “Скопје” од Скопје, каде се развива во добро организиран клуб, кој со текот на времето бележи сé позабележителни резултати.

Од неговото формирање до денес клубот има значајна улога во развитокот ка македонската женска кошарка и женскиот спорт воопшто, натпреварувајќи се со успех во првата Б кошаркарска лига во поранешна Југославија, а посебно во самостојна Р.Македонија, каде постојано се наоѓа на врвот на кошаркарската лига за жени.

Во неговата богата историја, а посебно во последните седумнаесет години Женскиот кошаркарски клуб ВИГОР СКОПЈЕ, важи за клуб кој претставува непресушен извор на квалитетни кошаркарки и е еден од столбовите на македонската женска кошарка, што го потврдува и фактот дека својата долгогодишна стрплива и напорна работа ја крунисува со освојување на повеќе шампионски титули, како во сениорска така и во организација на МКФ. Потврда на квалитетот е фактот дека поголем број на Вигорови кошаркарки се постојани членки на сите репрезентативни селекции, како и тоа дека голем број на наши и поранешни кошаркарки со успех и ден денес настапуваат во реномирани клубови надвор од границите на нашата земја.


Постигнати резултати со сениорска селекција:

1.Освојувач на шампионска титула по седми пат (1998, 1999, 2000, 2007, 2009, 2011)

2.Освојувач на КУП-от на Р. Македонија по деветти пат (1993, 1996, 1998, 2001,2007, 2008, 2009, 2010, 2011)

Откако во 2009. година е воведена одлуката да се игра истовремено и за КУП-от на Р. Македонија и за младинската селекција, ЖКК ВИГОР СКОПЈЕ два пати го освои истиот (2009. и 2010.)

Што се однесува до останатите помлади селекции, тие во поголем број случаи се освојувачки на шампионски титули, а во мал број случаи кога не се шампионки, тогаш се барем учеснички во завршните плеј-оф натпревари.


Меѓународни настапи

Паралелно со настапите во државното првенство и учеството во КУП натпреварите, Женскиот кошаркарски клуб ВИГОР СКОПЈЕ, ја претставуваше нашата земја и на меѓународната сцена во организација на ФИБА, односно во четири наврати во купот на Лилјана Ронкети, како и на повеќе меѓународни турнири и пријателски натпревари, на кои постигнуваше одлични резултати.

Во 1999 год. Вигорки настапија на турнирот на Милан Васојевиќ во Вршац, а истата година во октомври гостуваа на Кипар. Следната година во грчкиот град Триполос во многу силна конкуренција каде учествуваа повеќе земји, скопјанките се пласираа на одличното второ место. Во 2005 година младинската екипа на ЖЖК ВИГОР СКОПЈЕ триумфираше на турнирот во Волос Р. Грција, каде до истиот стигна без ниту еден пораз.

Круна на сите тие меѓународни настапи беше турнејата во државата Тенеси во САД, во ноември 2000-та година. Вигорки одиграа натпревари во Нешвил, Чатануга, Клерксвил и други градови на Тенеси на кои покажаа добра игра и оставија силен впечаток.

За сите успеси, клубот покрај многубројните освоени пехари и медали, по повод 50-години на МСД “СКОПЈЕ” доби признание за најуспешна екипа во рамките на друштвото, како и престижната награда “13-ти Ноември” во 1998 год. што ја доделува градот Скопје.

За сите овие успеси да се постигнат, особено во новосоздадените услови на стопанисување, неопходно е ангажирање на амбициозен спонзор кој финансиски би ја поддржал програмата за активностите на клубот.

За оваа цел пред седумнаесет години е потпишана спогодба за долгогодишна соработка со БАДЕЛ 1862 А.Д., како резултат на интересот на нејзиниот управител, а воедно и актуелен претседател, г-динот Љупчо Павловски, кој покрај тоа што е успешен стопанственик воедно е и голем љубител и познавач на кошаркарската игра. Спонзорирањето на клубот се вклопува и во традицијата на матичната фирма “Бадел 1862” од Загреб која е исто така традиционален спонзор на спортот во Р.Хрватска.

Амбициите на спонзорот, а со тоа и на претседателот на клубот Љупчо Павловски, се да се натпреваруваме во поквалитетна кошаркарска лига во наредниот период, за што од Управниот одбор целосна поддршка воедно има и генералниот секретар Тодор Јовчески, кој со своето повеќедецениско организациско искуство ќе придонесе за остварување на ваквите амбициозни планови.


Состав на сениорската екипа

Весна Домлевска

Нина Секуловска

Зорица Ацковска

Бисера Стојановска

Андријана Лескаровска

Арин Агич

Александра Стосановска

Елена Раденковиќ

Александра Иванова

Ангела Стефановска

Симона Јаневска

Тренер:Перо Стамески

Асистент: Фросина Ременска

Претседател: Љупчо Павловски

Ген. Секретар: Тодор Јовчевски

Врати се горе

One thought on “WBC Vigor

  1. Pocituvani,
    Se predstavuvame kako firma koja go predstavuva Kosarkarskiot sportski brend SPALDING, i bi sakale da vi ponudime sorabotka za vasiot klub.
    Vo ocekuvanje na vasiot stav ve pozdravuvame

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*