Vigor Barmen Cup

Сите љубители на добрата забава, убавото време и она што оди со него – освежувачки коктели, имаа шанса тоа и да го доживеат викендот на 16. и 17. Септември, во Гевгелија, за време на финалето на третиот Вигор Бармен Куп. И оваа година, во заедничката организација на Бадел 1862 АД Скопје и казино Фламинго Гевгелија, на едно место се најдоа сите македонски бармени кои имаа желба, вештина и љубов да креираат коктели со Вигор водка како носечка алкохолна база. Воедно, истовремено се одржа и вториот натпревар во флаир категорија, во која бармените ја презентираа својата умешност пред расположената публика, со што уживањето во настанот беше комплетно.

Предквалификациите за третиот Вигор Бармен Куп беа дел од караванот низ Скопје, Охрид, Струмица и Битола, од каде што во тесна конкуренција беа избрани 30те учесници кои се квалификуваа за финалето во Гевгелија. Четворочленото жири во двата дена од финалето го сочинуваа г-ѓа Вета Решетар, евент менаџер во Бадел 1862 Д.Д. Загреб, Ведран Петровиќ, потпретседател на Здружението на бармени на Р. Хрватска, Анте Жиго, хрватски вицепрвак во флертендинг, и Дејан Бошковски, ХБ менаџер во Дизниленд.

Според имресиите на стручното жири и представниците на организаторите од Македонија и Република Хрватска, македонските бармени покажуваат висока мотивација за усовршување во техниката на коктелиерството и спремност која е на исто ниво на онаа на бармените на светската сцена. Всушност, за таа цел и беше организиран Вигор Бармен Купот, кој повторно изненади со иновативноста на бармените, и не остави со задоволно исчекување на ВБЦ 2012


Победници во категоријата класика во мошне разновидниот и тесен избор, за оваа година се :

1во место – Зоран Ристов од Гевгелија , со коктелот ”Love Nest”

2ро место – Роберт Костоски од Охрид, со коктелот ”Cuba Fashion”

3то место – Ванчо Стојанов од Гевгелија, со коктелот ”Stock me Baby”


Најдобра стручна работа :

– Никола Јосески за ”Monoloco”


Најатрактивен коктел :

– Игор Богоев со ”Mystic Sunrise”

Во категоријата флаир :

1во место – Александар Бошев

2ро место – Мартин Петрушевски

3то место – Дарко Лазовски

 

Превземи:
Правила класика (.pdf)
Правила флаир (.pdf)

Галерија:
– Вигор Бармен Куп ’11 (ден 1)
Вигор Бармен Куп ’11 (ден 2) 

Врати се горе

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*