150 години врвен квалитет
Богатата историја на Badel 1862 е невозможно да се претстави во еден блог запис – секој период е преполн со интересни и возбудливи настани кои, повеќе од сигурно, ќе ви ги претставиме во иднина. Сепак, во овој запис ќе се обидеме да ви ги доловиме најбитните одредници на нашето долго минато, во кое се Badel 1862 се етаблираше во една од најуспешните компании во Југоисточна Европа.
Badel 1862 се гордее со својата традиција која е трајно вткаена во името, и со тоа не само што оддава почест на претците, туку и недвосмислено ја одредува како куќа со долга традиција.
Фрањо Покорни (Franjo Pokorny) кој во 1862 година ги поставил темелите на производството на алкохолни пијалоци, најпрво речиси сам ги произведувал јаките алкохолни пијалоци, ги пакувал и ги дистрибуирал до продавниците. Ретко видената упорност набргу почнала да носи плодови: од своето производство со текот на времето ја создал најголемата извозна сила во браншата. Набргу ги проширил своите пазари на бројни средноевропски земји, а со своите ликери, освен значајните европски метрополи, го снабдувал и францускиот двор на Наполеон III.
Друго познато име е Мијо Арко (Mijo Arko), еден од првите хрватски стручњаци за визби, кој во 1867 година започнал трговија со вино и ракија. Неговиот син Владимир го наследил и развил индустриското производство на жестоки пијалоци и ликери и под негово водство фабриката Arko станала ценето име во производството на коњаци, пенливо вино, рум, ракии, ликери и други пијалоци.
Фабриката Patria е основана во 1886 година, и се истакнувала со богата понуда на избрани алкохолни пијалоци, поседувајќи сопствена дистилерија. Главниот производ на Patria бил Patria Brandy Medicinal, која со својата омиленост ја надживеал самата компанија.
Со крајот на Втората светска војна, доаѓа до значајни промени. Се основа фабриката за ликери и рафинеријата за алкохоли „Маријан Бадел“ (Marijan Badel), која во својот состав ќе ги има производствените капацитети и рецептурите на претходно споменатите хрватски компании. Четврт век подоцна, оваа фабрика ќе се спои со „Винопродукт“ (Vinoprodukt), која во своја сопственост ги имала повеќето винарии во Хрватска. Со ова започнува традицијата на винарство во Бадел.
Веќе во почетокот на 80-тите години на 20-тиот век, Badel – Vinoprodukt доминира со пазарот на алкохоли и вина на просторите на бившата Југославија, станувајќи еден од најпрепознатливите брендови за југословенските потрошувачи. Во 90-тите, компанијата се приватизира, основајќи четири друштва со ограничена одговорност во поранешните ЈУ-републики.
Во Македонија, компанијата е основана во 1991 година како Бадел трејд, а во согласност со тековните економски трендови во 1997 година го променува својот назив во Бадел ДОО Скопје, за во 2007 да добие структура на акционерско друштво, како и името Бадел 1862 АД Скопје.
Бадел 1862 АД Скопје, последниве 21 година на територијата на Македонија во континуитет го одржува присуството на Баделовите и други алкохолни (Stock ’84), како и безалкохолни брендoви (Pago), заземајќи околу 57% од целокупниот увоз на алкохол во Република Македонија. Со директната дистрибуција и синхронизираната реакција за потребите на потрошувачите овозможен е углед на домашна компанија, бидејќи жителите на Македонија со право го доживуваат Бадел како сопствен домашен бренд.