Svarog наградното лето продолжува!


По одличната забава на Ultra Music Europe, продолжуваме со наградното лето на Svarog!

Втората фаза од нашиот натпревар е можеби уште повозбудлива!

Започнавме на 27 јули со забавата во Cafe Portal, Битола, а време и да ја објавиме наградата кое беше големо изненадување – летување во Лефкада за двајца!

За тие што не знаат, Лефкада е автентичен остров на Јонскиот Архипелаг кој уште се нарекува нарекува сино-бел остров поради чистото море кое ги менува во текот на денот сите нијанси на сината боја и белите карпи и песок. На идеалната летна дестинација ве носиме заедно со нашиот партнер Rapsody Travel & Events, кој ќе го обезбеди најдобриот превоз и сместување!

Како да го заокружите ова лето со патување на Лефкада?

  1. Станете фан на Facebook страната на Svarog Македонија.
  2. Посетете некој од Svarog настаните кои ќе ги најавиме на страницата.
  3. Направете фотографија од вас и вашето друштво со Svarog шише и/или чаша + некој дополнителен Svarog елемент (Svarog банери, ѕвезди, хостеси итн.)
  4. Фотографијата објавете ја јавно (public) заедно со хаштагот #catchthespark
  5. На корисникот кој ја има фотографијата со најмногу лајкови ќе доделиме летување во Лефкада за двајца!

Важно:

Освен горните критериуми, учесниците во наградниот натпревар МОРА да имаат над 18 години и валиден пасош.

Во случај на еднаков број на допаѓања, предвид ќе се земат бројот на споделувања на коментари. Во случај победникот да е оневозможен да патува, наградата се доделува на следната фотографија со најмногу допаѓања.

Фотографиите со навредлива и експлицитна содржина нема да бидат земени предвид.

Ве охрабруваме да објавувате по една фотографија – на овој начин би ја максимализирале својата шанса за повеќе допаѓања.

Следете нè внимателно и бидете подготвени за незаборавни забави заедно со Svarog.

Победниците на натпреварот ќе бидат објавени на Facebook страницата на Svarog.

Ви посакуваме среќа!

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*