Омилените пијалоци на славните

Секој од нас има некоја омилена музичка или филмска ѕвезда, сликар или писател. Вообичаено нивната кариера и приватен живот ги знаеме прилично добро, и често пати знаеме свесно или не да се поистоветиме со нив и нивниот стил.

А дали некогаш сте се запрашале кој бил омилениот пијалок на вашиот идол?

Погледнете го омилените пијалоци на славните личности низ годините:

Холивудски ѕвезди

Хемфри Богарт и Дин Мартин биле слични по тоа што и двајцата уживале во мартини и во виски. Тони Кертис бил обожувач на водката. Џони Деп пак, својата мистериозност ја надополнува со вино. Френк Синатра своите музички настапи ги залевал со мартини или виски.

Лидери

Наполеон си милувал чаша вино, шампањ или апсинт. Слично на Наполеон, Винстон Черчил исто пиел шампањ, но листата омилени пијалоци ја делел и со Френклин Рузвелт, а таа содржела бренди, виски и мартини. Кај кралицата Елизабета Втора џин тоникот е најчесто забележуван. Томас Џеферсон најдобро се поврзувал со виното.

Писатели

Скот Фицџералд сакал и мартини и џин. Великанот Хемингвеј зависно од инспирацијата уживал во повеќе пијалоци. Кај него на листа се наоѓаат мохито, мартини, апсинт и вино. Мартинито било инспирација и за Џек Лондон. Оскар Вајлд се држел до еден пијалок – апсинтот.

Сликари

Пикасо, Мане и Дегас биле љубители на апсинтот.

Со кого имате најсличен вкус? 🙂

One thought on “Омилените пијалоци на славните

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*